Капитенот на македонската репрезентација имаше интервју за турскиот медиум haber61 во кое малку како да претера со фалењето. Додека настапуваше во Ла Лига во дресот на Леванте, Барди имаше најдобар процент на постигнати голови од слободен удар во една сезона, иако тогаш во лигата играа и великаните Лионел Меси за Барса и Кристијано Роналдо за Реал Мадрид. Токму тој момент го искористи за да се пофали дека, ете, во нешто бил подобар од ...

Енис Барди веќе две години е дел од турскиот прволигаш Трабзонспор во кој пристигна од Леванте, клуб во кој имаше успешна етапа во периодот од 2017 до 2022 година. Македонскиот репрезентативец имаше навистина квалитетни партии за клубот од Валенсија, а посебно во еден период се истакнуваше со ударите, головите од слободен удар. Во еден период беше рамо до рамо со Лионел Меси кој е познат како специјалист, но и Барди е мајстор и смета дека ...