Белата куќа објави дека секој медиум кој одбива да го користи новото име на Мексиканскиот Залив кажува лаги и порача дека новинарите на новинската агенција „Асошиејтед прес“ (АП) и натаму нема да смеат да присуствуваат на претседателските настани. Веднаш по враќањето во Белата куќа, Доналд Трамп потпиша извршна наредба за преименување на Мексиканскиот Залив во Американски Залив. АП соопшти дека ќе продолжи да го користи името Мексикански Залив ...

На новинарот на Асошиејтед прес (АП) денеска втор ден по ред не му беше дозволен пристап до настаните во Белата куќа бидејќи Мексиканскиот Залив не го „прекрстил“ во Американски Залив. АП еден ден претходно објави дека на нејзиниот известувач му бил забранет пристапот до Овалната соба бидејќи агенцијата „не успеала да ги усогласи своите уредувачки стандарди со извршната наредба на претседателот“ за преименување на заливот. На новинарот од медиум ...