КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски и лидерите на неколку европски земји разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со мировните преговори во Истанбул за ставање крај на војната во Украина, известува Анадолу. Зеленски, кој беше во албанската престолнина Тирана во рамките на 6-от самит на Европската политичка заедница, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, ...

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир. Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“. ...