Во текот на денешниот ден, до 19 часот, имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп. Најактивен е кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец, каде горат нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. Прилепските локални власти, заедно со кризниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат ...

Прилепските локални власти, заедно со кризниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот. – Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да ...