Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски и дефинитивно се запиша како најуспешниот репрезентативен голман во историјата. Со двете ноемвриски победи без примен гол во Лигата на нациите, Димитриевски забележа и петти натпревар во низа со „чиста мрежа”. На сето тоа подобрувајќи го и сопствениот рекорд на сите времиња од голманска серија без примен гол, која сега изнесува 531 минута. Не можеше да го сокрие задоволството Димитриевски и вчера ...
Македонија успешно го мине новото издание на Лигата на нации каде со пет победи и едно реми бевме најдобри во групата 4 во сегментот Ц и со тоа обезбедивме пласман во Б дивизијата. По почетното реми со Фарски Острови забележавме пет триумфи во низа и тоа без примен гол, резултат за кој огрома заслуга има голманот Столе Димитриевски. Иако не брани во Валенсија, Столе на фантастичен начин си ја одработи задачата на нашиот гол, ја сочува мрежата ...