Во новата сезона ќе има промени во женскиот ракомет во Македонија, откако Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука со која од сезона 2025/2026 покрај Суперлигата се формира и Прва женска лига, а тоа ќе значи дека ќе има две женски лиги веќе од следната сезона. Суперлигата или ракометната елита на Македонија во женска конкуренција ќе брои осум екипи, шампионот Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, ...

Суперлигашот Астибо за новата сезона го реши голманското прашање, откако формираше голманско трио кое треба да го чува голот во новата сезона. Во Штип пристигнува искусната Кристина Младеновска Кузманоска, која доаѓа од редовите на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе. Со нејзиното искуство треба да донесе стабилност и сигурост на голот на штипскиот Суперлигаш. Дополнително, тимот предводен од Дејан Величков ја договори и младата и талентирана ...