Осум дена притвор доби таткото-насилник, кој вчера во Штип влета на фудбалскиот јуниорски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи и поради судиска одлука против неговиот син од Шкупи, нападна и повреди два негови противнички соиграча од 14 години. Кривичното дело е оквалификувано како насилство, а притворот ќе се спроведува во затворот во Куманово. Според портпаролот на Основниот суд во Штип, судијата Сашко Георгиев, нападнатите фудбалери имале ...

Притвор од осум дена доби 43-годишниот родител од Скопје кој вчера, на натпреварот на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу екипите на Шкупи и Брегалница на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, физички нападна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка, воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев потврди дека на лицето А.А. од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена постапка ќе ...