Судирите меѓу албанските партии продолжуваат во врска со нелегалните градби во Чаир и Сарај. Коалицијата ВЛЕН ја повикува градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, да не го штеди, како што велат, својот бизнис партнер од редовите на ДУИ и да излезе на терен за да ги види сите незаконски објекти во Сарај. Доколку продолжи молчењето на Арсовска и одговорните институции, оваа коалиција најавува мерки. „Госпоѓо Арсовска, оваа зграда е ...
По обвинувањата меѓу Градот Скопјe и Општина Чаир, директорот на Инспекторатот за урбанизам, Зухејр Реџепи, во изјава за весникот „Лајм“ објави дека проблемот со неовластеното градење не го засега само Чаир, туку сите општини на државно ниво. Како што објави Реџепи, низ целата земја има околу 203.000 неовластени градби, додека Чаир е на 19-то место. Она што е изненадувачки е Општина Сарај, која, според директорот Реџепи, никогаш не доставила ...