Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Во Студентскиот културен центар на УКИМ вечер ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори. Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ...
Денес во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе бидат промовирани книгите Филозофска Револуција I и II од Стефан Шорко. Двете збирки содржат филозофски цитати и оригинални бисери на мудроста пишувани од лични искуства и приредени од покојниот д-р Миле Шорко и неговиот син Стефан Шорко, информираат од Библиотеката. Промотори на книгата ќе бидат: д-р Јулија Василевска– психијатар и м-р Милчо Јованоски. ...