Ограничување на маржата на 10 проценти во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи, е предлог мерка со која владата го задолжи министерството за економија и труд да ја донесе. „Мерката да се однесува на истите 73 групи на производи кои беа дел од претходните кошнички, но истата да се дополни со средства за хигиена, како што се детергентите и плус да се дополни со бебешката храна и други ...

Претставниците на новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало, која вклучува продавници за прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денеска ќе се сретнат со министерот за економија Бесар Дурмиши по повод Предлог-одлуката за ограничување на маржите до 10 проценти во трговијата на мало и на големо. Комората информираше дека претходно се сретнала со премиерот Христијан Мицкоски, кој го задолжил министерот за ...