Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2-4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции. Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф. Серијата голови за нашата селекција ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство. Избраниците на Горан Станиќ попладнево од 18:00 часот ќе ѝ гостуваат на Црна Гора во натпревар кој ќе се одигра во Тузи. Според букмејкерите, домашната селекција е фаворит на средбата против Македонија. Сепак, двете селекции имаат идентичен скор досега, по победа и два порази, па се очекува голема борба за ...