Иван Николоски (22) е нов член на Струга ТЛ. Денеска стружани и официјално го промовираа својот нов голман кој и тоа како ќе има предизвик да се наметне ако се знае дека во тимот се и Анџелети и Ќосевски. Николоски е некогашен младински репрезентативец, а бил член и на Дрита, Победа, Беласица, Силекс, Воска, Саса, Поградец. Како што дознаваме, до крајот на преодниот рок, Струга ТЛ има намера да се засили со играч за врска и дефанзивец. Летниот ...

Нашиот најтрофеен клуб во последните денови од летниот преоден рок и тоа како се засилува. Откако успеа да донесе двајца интернационалци од Уганда, потоа го потпиша и Давид Бабунски, прашање на часови или денови е потписот на репрезентативецот на Македонија, Бојан Илиевски, а Вардар е пред потпис и со Ведран Ќосевски. Станува збор за голманот на Струга ТЛ и еден од најдобрите чувари на мрежата во нашата елитна лига. На стартот од сезона на ...