Голем пожар денеска избувна во кругот на поранешната депонија Вардариште, поради што илјадници граѓани од Скопје останаа без електрична енергија, а густ чад со непријатна миризба се прошири кон неколку населби во источниот и југоисточниот дел од градот. Од Центарот за управување со кризи – Скопје (РЦУК), информираат дека од околу 12:00 часот, екипи на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) гасат запалена сува трева и отпаден материјал на ...
Скопските пожарникари успеаја огнената стихија кај Вардариште да ја стават под контрола и се врши догаснување. Како што информираше командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, на терен биле ангажирани 25 пожарникари со осум возила. – Превентивно исклучивме два далеководи – еден на ЕВН и еден на МЕПСО, затоа што интервениравме во нивна близина. Нема повредени и нема материјална штета, изјави Томевски. ...