Министерството за култура и туризам одобри вкупен буџет од 150 илјади евра (9.223.530 денари) за Македонскиот народен театар (МНТ.) Од нив, 102 илјади евра (6.300.000 денари) се за драмска дејност, а 16.300 евра ( 1.100.000 денари ) за меѓународна соработка. За одржување на објектите и опремата буџетот е 18.510 евра (1.139.000 денари), за издавачка дејност 5.700 евра ( 350.000 денари), а за европски интеграции 5. 500 евра (340.530 денари). ...

Македонскиот народен театар (МНТ) доби 6,3 милиони денари оваа година за драмската дејност од Министерството за култура и туризам, соопшти денеска на прес-конфренција директорот Никола Кимовски. МНТ ќе има три премиери, а ќе режираат Владимир Милчин, Нела Витошевиќ, Срѓан Јанаќијевиќ. Дејан Пројковски ќе ја режира мултимедијалната претстава „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ со која националниот театар на 3 април ќе го одбележи ...