Франческо Бањаја славеше на спринт трката во Барселона и остана во игра за освојување на титулата во Мото ГП шампионатот и оваа година. Италијанецот освои 12 бода, додека лидерот во шампионатот Хорхе Мартин беше трет и стигна до седум бода. Пред главната трка во недела (14 ч.), разликата е 19 поени во корист на Мартин. Сега е јасно дека Бањаја мора да победи доколку сака да има какви било шанси да остане шампион. Но и во случај тој да слави, ...

Сезоната во Мото ГП носи големи возбудувања до самиот крај на официјалните натпреварувања, па така во последната трка влегуваме со двајца возачи кои имаат големи математики во битката за титулата. Поточно, на Мартин му е доволно да заврши и деветти на трката во Барселона, без оглед на резултатот кој ќе го оствари Пеко Бањаја. Италијанецот ќе ја одбрани шампионската титула само ако победи и ако Мартин заврши подолу од деветтото место, па јасно е ...