Седумдесет и пет филмови ќе се прикажат на 16. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, кој ќе се одржи од 21 до 28 август. Фестивалската програма е распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, Младинскиот културен центар (МКЦ) и „Лабораториум“ во Скопје. Мотото на годинашното издание е „Кому му е гајле за реалноста?“, а се очекуваат околу 100 гости од странство. Програмата е поделена во шест категории: Главна ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ денеска, во Младинскиот културен центар, ја одржа главната прес-конференција, на која беше објавена целосната програма и фестивалските активности за неговото 16. издание. Препорачано Пред медиумите се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата. Оваа година „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до ...