Во Црна Гора, околу 30 проценти од месечните приходи се трошат за храна, покажува анализа на Истражувачкиот центар Демостат. За достоинствен живот, според проценките, потребни се речиси 2.000 евра месечно. Просечната плата во јануари изнесувала 1.004 евра, додека минималецот беше зголемен кон крајот на минатата година и сега изнесува 600 евра за вработените со средно образование и 800 евра за оние со високо образование, објави Радио телевизија ...

Платите во Европа значително варираат. Истото важи и за трошоците за живот. Прашањето е: кои земји нудат највисоки плати и каде тие плати се навистина највредни? Најрелевантниот индикатор што се користи е просечната прилагодена бруто плата на вработен со полно работно време, која се пресметува годишно од Евростат, а „Еуроњуз“ ја конвертира во месечни износи. Според податоците од 2023 година, просечната месечна плата во ЕУ се движела од само ...