Експресниот пат Градско – Дреново 15,5 километри, беше започнат од владата на СДСМ и до месец мај 2024 година завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај, напиша екс министерот, Благој Бочварски на Фејсбук. -Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани, без разлика дали една или друга влада ќе реализира ...

Делницата Градско-Дреново во должина од 15,5 километри и еден километар плус од делницата Фариш-Дреново, а кои се дел од Експресниот пат Градско-Прилеп, од денеска и официјално се пуштени за сообраќај. Преостанатите 20 проценти од оваа делница, а на кои до септември лани речиси една година ништо не се работело, сега завршени се за рекордно време од само неколку месеци и овој модерен пат е веќе функционален за граѓаните, истакна директорот на ЈП ...