Санацијата на дефектот на водоводната мрежа во Скопје почнува со затворање на главниот вентил. Најавите се дека санацијата на вентилот што не е сменет од ’91-та година, ќе заврши за едно деноноќие, но гаранции нема. Без вода ќе остане најголемиот дел од главниот град, освен повисоките места во Ѓорче Петров, Радишани, Чаир, Бутел, Железара, Автокоманда. Од Водовод бараа граѓаните да бидат трпеливи, но сите веќе се снабдуваат со вода за пиење, и ...

Од 22 часот денеска Скопје ќе остане без вода, поради санирање на дефекти и замена на клучната водоводна цевка. Вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, а другите корисници ќе бидат без вода. За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Фи-1600, поради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Институтот за јавно здравје излезе со препораки ...