Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, вчера ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција. Првата награда ја доби новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти. „Искрено се надевам дека, малку од малку, оваа приказна успеа да им помогне на ...

Сторијата со која се открија злоупотреби со терапиите на онколошките пациенти – „Скандал Онкологија“ – објавена во „Фокус“ под авторство на Ирена Мулачка, е добитничка на првата Награда на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024. Второто место припадна на Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД, ТВ Телма која открива фамилијарни врски и злоупотреби ...