На денешното рочиште за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се читаше исказот што обвинетиот Боре Видевски го дал во обвинителството по апсењето. Ова следува откако тој на претходното рочиште даде целосен спротивен исказ и негираше дека е вмешан во грабнувањето на велешанецот и девојчето. Се читаше прво записник од 4.12.2023 година од изјавата на Видевски, во која тој во детали, описно и автентично ги опишува овие две ...
Заврши распитот на Боре Видевски, обвинет во случајот за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес. На денешното рочиште се изнесуваа неговите искази од истрагата. Видевски на досегашните рочишта негираше негова инволвираност во случајот и негираше вина за двете обвиненија за грабнување и за убиство со тврдење дека за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето ...