Добивај вести на Viber Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак рано утрово дошло до експлозија. Според првите информации од терен, експлозијата се случила во одделението за пиротехника. Во експлозијата се повредени четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди. Како што пренесуваат медиумите од Србија, во болницата во Чачак пристигнал еден пациент со изгореници на лицето и веднаш бил згрижен на одделението за интензивна нега. ...

Во фабриката „Слобода“ во Чачак утрово во осум часот дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати и во таа несреќа се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош, на компанијата „Слобода“. Како што се наведува, едниот работник по прегледот е пуштен на домашно лекување, додека другиот повреден работник кој е во стабилна здравствена состојба е задржан на болничко лекување. Како ...