По повод 25-годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, утрово се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски” во Скопје. Со литургијата, чиноначалствуваше Неговото Блаженство, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на нашата Света Црква и на бројни свештенослужители. ...

Во Соборниот храм се одбележа четврт век откако е востоличен Архиепископот г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваше Поглаварот кој порача дека благодарение на се посилното монаштво од 5 архијереи сега по две ипол децении се 19мина со кои успеале заедно да ја одржат жива македонската црква. Потсети дека во изминатите 25 години црквата поминала низ тешки премрежја но не само што опстанала туку и успеале да застане ...