1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година станал единствениот холандски поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Умрел во септември во 1523 година, не успевајќи да ја оствари замислата за обединување на европските земји во борбата против Отоманското царство. 1810.- Роден е италијанскиот свештеник Винченцо Ѓоакино Печи, кој како папа Лав Осми во текот на понтификатот ...

4 март 2023 1193.- Умрел арапскиот државник и војсководец Саладин, султан на Египет и Сирија, основач на династијата Ејубида, кој во 1187 година ги поразил крстосниците кај Хатин и освоил голем дел од Сирија и Палестина со Ерусалим. Саладин до ден денешен останал митска личност на арапската историја и култура. Според етничкото потекло Саладин не бил Арап, туку Курд. 1461.- Во англиската „Војна на ружите“ Едвард од Јорк го презел престолот како ...

274.- Во Наисус (денес Ниш) бил роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владеел со Источното римско царство и заедно со него го издал Миланскиот едикт со кој се дала слобода на вероисповед на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почнал да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формирал нова престолнина на исток – ...

1498.- На патот кон Индија, португалскиот морепловец Васко де Гама како прв Европеец испловил на брегот на сегашната африканска држава Мозамбик. 1562.- Француските римокатолици, со благослов од Ватикан, најбрутално претепале околу 1.200 хугеноти (француски протестанти), предизвикувајќи ја религиозната војна којашто траела до 1598 година. 1643.- Умрел Џироламо Фрескобалди, италијански оргулист и композитор, најголем мајстор на оргули во своето ...