Јас сум пензиониран хидроинженер и повеќе од 15 години поминав во секторот за развој и инвестиции во електростопанство и во тој период можеше да се почувствува и се знаеше многу добро дека ние во електростопанство сме попречени да градиме хидротехнички објекти во клисурата на река Вардар, посебно Велес кој е еден капитален објект и Градец кој исто така е капитален објект, а покасно се направи и проектот Вардарска долина со каскадни ...

Што се однесува за долината на реката Вардар – работена е физибилити студија за истиот проект и тој проект го работеа Французите со 80% нивно финансирање и 20% македонска инвестиција. И уште тогаш во проектната задача меѓу другото ние имавме во проектната задача јасно нагласено дека освен за енергетските објекти третирана беше и пругата. Имаше дилема дали да биде во истиот коридор или да се измести на исток. По истражување на Французите, бидејќи ...