Земјотресот со јачина од 7.7 според Рихтерова скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Во Мјанмар до сега загинале најмалку 144 лица, а 732 се повредени. Во околните села се јавува дека има уште најмалку 100 загинати. Најмалку девет лица загинале во Банкок. Лидерот на армијата на Мјанмар прогласи вонредна состојба и ги замоли сите што можат да помогнат да пристигнат. ООН веќе е во контакт со властите. Според ...
Надежите дека ќе се најдат уште преживеани под урнатините почнаа да се гаснат во Мандалеј, каде што повеќето жители поминаа уште една ноќ на отворено по страшниот земјотрес со магнитуда 7,7 степени по Рихтер, кој остави повеќе од 1.700 мртви во Мјанмар и Тајланд. Сепак, дека не е сѐ така црно, говори неверојатниот случај каде жена беше спасена жива по 60 часа поминати под урнатините на хотел, по петчасовна акција на спасувачки тимови од Кина, ...