Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата. „Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат ...

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки. „Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по ...