Кошаркарите на Гостивар стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Чаир со 90-75 во меч од 11. коло во Првата лига на Македонија. Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и веќе по првата четвртина имаа двоцифрена предност од 24-13. До крајот на првиот дел гостиварци успеаја да ја зголемат предноста и на пауза да замина со позитива од 45-31. Иако во вториот дел гостите одиграа далеку подобро ...

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје стигнаа до убедлив триумф на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш од 54-80 во меч од 11. коло во Првата лига. Во првиот дел домаќините колку-толку му парираа на големиот фаворит, па на пауза клубот од Скопје замина со позитива од само седум поени (33-40). Во вториот дел избраниците на Васко Атанасов уфрлија во повисока брзина. Го полнеа кошот на противникот буквално од секоја позиција и ...