Лена Самарас, 34-годишната ќерка на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, почина доцна во четвртокот по срцев удар. Таа почина во болницата „Евангелисмос“ во Атина. Лена Самарас дипломирала на колеџот во Атина во 2008 година, а подоцна студирала градежништво на Универзитетот Сити во Лондон. Таа беше единствена ќерка на Самарас кој има и син. Премиерот Киријакос Мицотакис изрази сочувство во соопштение, нарекувајќи ја смртта „ненадејна и ...
Доцна синоќа, на 34-годишна возраст, ненадејно почина Лена Самарас, ќерката на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас. Според грчките медиуми, таа била примена во атинската општа болница „Сисманоглио“ по епилептичен напад, а подоцна префрлена во болницата „Евангелисмос“, каде што доживеала срцев удар. Лекарите, и покрај обидите за реанимација, не успеале да ја спасат. Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, преку социјалната ...