И покрај рестриктивните решенија кои органите на МАНУ биле принудени да ги донесат поради континуираниот пад на средствата наменети за основната дејност на Академијата, таа успешно и навремено ги реализирала сите активности и настани предвидени со Програмата за работа за 2024 година, оцени првиот човек на Академијата, Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата за изминатата година. Во 2025 предложена е ...
За предвидените проекти, тековното функционирање, капиталните инвестиции развојот на Академијата, науката и друго, неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата. Во моментот, со новиот буџет за 2025 година состојбата за основната дејност на МАНУ е коригирана, но ние со аргументирана упорност и ентузијазам ќе продолжиме да преговараме со надлежните финансиски институции на државата со цел да добиеме буџет повисок во сите стапки, кој, ...