4.СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека тој и тројцата министри што патуваа со него на Самитот на НАТО во Вашингтон потрошиле 20.000 евра само за авионски карти за бизнис класа. Тој се правдаше дека го болеле колената и дека ако летал со економска класа другиот ден таму нема да можел да функционира. Па ако го болеле колената, не го болела главата. Синким таму беше отиден да трча маратон, ама ај. Нема врска муабетов. Премиер е. ...

1 По изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче, дека во кампањата ја увиделе грешката што ја направија со измените на Кривичниот законик со што застареа делата за корупција кај високите функционери, и по одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, се чини како и двајцата да се под медицински третман. Филипче како самиот себе да си се оперирал од мозок, а Мицкоски како да зел апче за амнезија. СДСМ во кампањата ја виделе грешката. А пред кампањата ...