„На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно ...

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство е меѓу 13 осомничени лица за злоупотреби со набавка на мазут и перење пари. Покрај Ковачевски кој не е достапен на органите откако во декември лани беше меѓу осомничените за злоупотреби во ЕСМ, осомничени се и Ратко Капушевски генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“. Од Министерството за ...