Англискиот премиерлигаш Њукасл за сега е еден од најголемите губитници на летниот трансфер период. Клубот учесник во Лигата на шампиони и освојувач на англискиот Лига куп, сакаше да донесе големо засилување во нападот, но Уго Ектике го избра Ливерпул. Потоа целосно се фокусираа на Бењамин Шешко, но словенечкиот напаѓач посака само трансфер во Манчестер јунајтед каде и потпиша. Првиот напаѓач на тимот, Александер Исак, не тренира со соиграчите и ...

Утре се очекува да биде официјализиран трансферот на Малик Таиво од Милан во Њукасл, а раководството на Црвено-црните не чекаше долго и веднаш ја најде неговата замена. На „Сан Сиро“ ќе пристигне 23-годишниот белгиски дефанзивец од Џенова, Кони де Винтер, а Милан за неговите услуги ќе плати 20 милиони евра плус дополнителни бонуси. Дефанзивецот се поврзуваше и со Интер, Јувентус и Борнмут, но од Милан беа најконкретни и успеаја да дојдат до ...