Фудбалерите на Бетис ја запишаа првата победа во новата сезона на шпанската Примера, совладувајќи го тимот на Алавес со 1-0 во воведниот натпревар од второто коло. Натпреварот беше историски поради фактот што андалузискиот клуб првпат официјално настапи на својот привремен дом – стадионот „Ла Картуха“ во Севиља, каде ќе игра додека трае реконструкцијата на „Бенито Виљамарин“. Триумфот го обезбеди аргентинскиот плејмејкер Ѓовани Ло Селсо уште во ...
Заради одлуката на Пелистер да ја сочува тревата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола за репрезентативните активности, натпреварот од третото коло на Првата фудбалска лига против Шкупи го одигра како домаќин во Кавадарци. Во тврд и не многу гледлив дуел, битолчани славеа со 2-0 (0-0). Клучен човек беше Ристиќ, кој влезе во вториот дел и запиша погодок и асистенција. Капинковски го потврди тимот кој пред седум дена ја освои Струмица, со ...