Врхника – Форца 4:2 е исходот од мечот од 2.коло во групата 8 во главната рунда во Лигата на Шампионите во футсал. Ова е втор пораз на македонскиот шампион, по оној вчера од Хит со 2:10. Штета, за разлика од вчера тимот на Форца вечерва одигра далеку подобро, имаше 2:2, имаше и шанси за водство, но сепак на крајот беше поразена. А лошо започна мечот за кумановци. Веќе во 3.минута резултатот беше 2:0 за домашниот состав и тоа со головите на Ремс ...
Три меча и три порази на нашиот футсал првак Форца во групата 8 во главната фаза во Лигата на Шампионите, на турнирот во Љубљана. Денеска кумановци беа поразени од футсал составот на Киев (Украина) со 0:10 По трите порази Форца на крајот заврши како последна во групата со ниту еден освоен бод, секако и со елиминација. Веќе во 5.минута Украинците водеа со 0:2, нешто слично како и на претходните мечеви. Кумановци по тие два примени гола се трудеа ...

