Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите, кои според УХМР ќе достигнат и над 40°C, ЦУК упатува апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор. Воедно, уште еднаш апелираат за исклучителна внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или ...
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари. Активни пожари има кај селото Нивичино во Општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу селата ...