Пожарите не стивнуваат. На едно место се гаси, на друго пламнува. Уште една тешка ноќ за службите. Битката со пламените јазици продолжува. До пладне регистрирани се 10 пожари, од кои шест се активни, а четири под контрола. Се уште се води жестока борба со пожарот во Јасен. Како што информира ЦУК, ГОИ и во општина Долнени, помеѓу селата Лажани и Кошино, каде е зафатена ниска вегетација, во општина Лозово, село Бекирлија каде гори смрека, во ...

Иако некои места беа зафатени со врнежи од дожд во текот на денот, тие сепак не помогнаа во целосно гаснење на активните пожари. Како што информираше Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, денес се регистрирани осум пожари на отворени површини, од кои три се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Најкритичната состојба е во Јасен, општина Македонски Брод, каде што ни дождот не ...