Водата во Тетово моментно не е безбедна за пиење поради силните врнежи што ги заматија изворите и доведоа до навлегување нечистотии во системот. ЈКП „Тетово“ соопшти дека снабдувањето е технички стабилизирано, но водата останува несоодветна за пиење и граѓаните треба да ја користат само за основни хигиенски потреби додека не завршат новите лабораториски анализи. Следното тестирање е најавено за утре, по што јавноста повторно ќе биде информирана ...

Обилните врнежи од дожд ги направија нефункционални двата извора кои го снабдуваат Тетово со вода, вклучувајќи го, за првпат, и изворот од Попова Шапка. Властите предупредуваат дека водата не треба да се користи за пиење без претходно да се преврие, бидејќи микробиолошките анализи сè уште не се готови. „Ова што се случи, никогаш досега не се случило — за првпат имаме матна вода од изворот што доаѓа од Попова Шапка. Имавме матна вода и од ...