Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз го стартуваше настапот на Европскиот младински олимписки фестивал. На стартот на турнирот од нашите ракометарки подобар беше Исланд кој славеше со 29-22. Клучна во мечот се покажа серијата на Исланѓанките на стартот на мечот кога поведоа со 9-1, па до крајот успеаја да го исконтролираат резултатот. Ристовска со пет и Димоска и Трифуноска со по четири гола беа најефикасни во нашиот тим. ...

И машката ракометна репрезентација го забележа и третиот пораз во групната фаза на Европскиот младински олимписки фестивал 2025 година. Овојпат подобри од нашите надежи беа Исланѓаните кои на крајот стигнаа до убедлив триумф од 36-27. Македонија успеа да се држи со противникот повторно како и на претходните два натпревари во првото полувреме. Недоволни беа кај нас и 19 интервенции кои ги имаше неверојатниот Николовски. Машката репрезентација на ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз од исто толку натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал. Во денешниот меч подобри од нашите ракометарки беа Норвежанките кои славеа на рутински начин со 30- 23. За Македонија по седум погодоци постигнаа Димоска и Балоска. Македонија заврши на последното место во својата група на ЕМОФ и ќе се бори за пласман од 5. до 8. место. Крадењето авторски текстови е ...

По поразот на женската репрезнтација на Македонија, на стартот на ракометниот турнир на Европскиот младински олимписки фестивал, пораз доживеа и машката репрезентација. Во првото коло на игрите во Скопје, Куманово и Осијек нашите надежи загубија од репрезентацијата на Хрватска со 27-19. Нашите надежи имаа сила за егал само едно полувреме против Хрватите 10-10. Петрески, Симоновски, Дамчевски и Угреновиќ постигнаа по три гола во нашиот тим. Утре ...