Висок израелски функционер изјави дека израелската влада ќе се состане утре за да одобри договор за примирје со Хезболах, додека еден либански функционер кажа дека договорот би можел да биде објавен во следните часови. Израелски функционери денеска кажаа дека крајот на војната е близу, иако остануваат некои прашања. Американскиот сајт „Аксиос“ објави дека Израел и Хезболах ги договориле условите од договорот и дека Тел Авив ќе го одобри утре. ...

Стапи во сила привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. Нетанјаху вели целите се постигнати, а трите главни причини за негово прифаќање се иранската закана, регрупирањето на израелската армија и изолацијата на Хамас, кој ќе биде под уште поголем притисок да ги ослободи заложниците откако ќе ја нема поддршката од Хезболах. Најави дека силно ќе одговорат доколку милитантите се обидат да ги нападнат или да го реорганизираат процесот на ...