Телото на маж кој исчезнал пред 28 години е пронајдено во глечер во планинскиот регион Кохистан во северен Пакистан, соопшти локалната полиција. Телото го открил овчар во долината Лејди и било извонредно добро сочувано, со недопрена облека, објави Би-Би-Си. Со телото е пронајдена лична карта на име Насирудин, кој исчезнал во јуни 1997 година откако паднал во пукнатина за време на снежна бура, соопшти полицијата. Полицијата го потврдила неговиот ...

Добро зачувано тело на маж што се води како исчезнат 28 години е откриено при топење на глечер во северозападен Пакистан, истакнаа мештаните и неговото семејство, јавува Анадолу. Минатиот петок телото го откри локален овчар во оддалечената Долина Лејди во округот Кохистан во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва. Телото е идентификувано како Насирудин, кој патувал со својот брат Катирудин на коњ кога паднал и исчезнал во јуни 1997 година. ...