Соња Каранџуловска е родена на 25 септември 1955 година во Прилеп. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1971 година дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во првата генерација дипломирани глумци во класата на професорот Илија Милчин. Целиот свој работен век го минала во Македонскиот народен театар во Скопје. Каранџуловска ги остварила следниве филмски улоги: 1973 Новогодишен карусел ТВ-филм 1979 Томе ...

Калина Наумовска е родена на 28 септември 1974 во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Калина Наумовска димпломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 1999 година, таа се вработила во Драмски театар – Скопје. Од тогаш, таа остварила бројни главни и споредни улоги во претстави во матичниот театар, но и во други установи ...

Јасмина Гуњова е родена во Штип на 26 септември 1966 година. Таа е македонски изведувач на изворни и новосоздадени македонски песни. Гуњова завршила нижо музичко училиште во Штип и дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1990 година. Пет години работела во средното Текстилно училиште во Штип, а од 1994 година живее во Скопје. Настапувала со КУД „Ванчо Прке“ од Штип и со женската пејачка група „Астибијана“. Учествувала на ...