Претседателот на Република Српска Милорад Додик вели дека „тројца претседатели на европски држави и еден премиер му кажале дека во Босна и Херцеговина била префрлена британска единица со единствена цел да го ликвидира“. Препорачано Додик наведува дека 40 војници „дошле во Босна и Херцеговина со посебна наредба“. -Тројца претседатели на европски држави и еден премиер ми кажаа дека во БиХ била префрлена британска единица од четириесетина војници ...
Амбасадата на Велика Британија во Босна и Херцеговина ги отфрли тврдењата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека оваа земја преку специјализирана единица планирала негова ликвидација. Амбасадата соопшти дека ваквите обвинувања се „збунувачки и неосновани“, и ги опиша како „бизарен обид да се одвлече вниманието од поголеми проблеми“. „Како што објаснивме многу пати досега кога беа дадени речиси идентични тврдења – ваквите ...