Првото новородено бебе во земјава се роди по само една секунда по полноќ. На свет на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство дојде Јаков со тежина 3 килограми и 190 грама, должина од 50 цм. Ова денеска го соопштија здравствените власти. Мајката на бебето била хоспитилизрана на ГАК во 39-та гестациска седмица поради покачен крвен притисок. -Мајката и бебето се во одлична состојба, информираат од Клиниката. Како што појасни ...

Охридската Библиотека ги бележи и првите читатели за оваа година. Ова е доволен доказ дека ќе имаме плодна читателска година, а ние ќе се потрудиме да сме во тренд и да ја побараме актуелната литература од домашни и светски автори, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“. На пултот за зајмување утрово прва дојде нашата читателка Олга Глигуроска, следуваа Антица Стефаноска, Љубинка Кочовска, Бисера Ангелоска и Христина Петроска. Тоа се првите ...