Емилија Целакоска Не дека во траг следам вести или баш премиерот, но некако во 2-3 случаи врз сетилата ми слетаа десетина-секундни примероци од негови искажувања. Овде нив ќе ги третирам како брис под микроскоп, во смисла дека не е толку концентрацијата на нив како faux pas на премиерот, туку од нив да извлечеме информација за тоа која бактерија го тормози општественото тело (македонското, но и други) и да бидеме љубопитни дали ЕУ има ...
Во трудот да замачка „татковска фигура“ за да не биде очигледно тиранска ваквата пирамидална структура, неопходни се фигури како маж – премиер со голема извршна власт, а Мицкоски дури и натфрла над олигархиските очекувања со немањето гајлиња да е контрадикторен во иста реченица, да лаже во кратки временски интервали, да сее омраза на стандардни линии – национални, но ете, се потруди и на полова основа, не еднаш. Навистина се труди ЕУ да ја ...