Секоја зима, кошмар за десеттина градови во Македонија. Граѓаните се трујат од загадениот воздух, конкретни мерки од властите нема. Останува ли граѓанскиот сектор единствената совест? Зошто никој не ги слуша нивните препораки? Во Топ Тема вечерва дебата со: Татјана Чакулев – О2 Иницијатива, Марјан Калевски – Зелен Хуман Град и Ѓорѓи Танушев – Здрава котлина. Граѓанскиот сектор е на ставот дека сите изминати години немаме со што да се пофалиме ...
Советот на Град Скопје ќе прави нов план, зошто оваа најава ја доживеавте како обид за маргинализирање на граѓанскиот сектор, на ова прашање во вечерашната Топ Тема Марјан Калевски од Зелен Хуман Град рече дека „цело време ние сме во период на изработка на некаков план, разбираме дека треба да се има план за преземање на мерки против загадувањето но, многу такви документи се препишувани едни од други со застарени информации и немаат никаква ...

