Србинот е шести носител, а тоа значи дека уште во четвртфиналето може да се сретне со некој од најдобрите четворица. Прв носител во Париз ќе биде Јаник Синер, втор Карлос Алкараз, трет Зверв, четврти Фриц и петти Џек Дрејпер. Сите тие можат да бидат ривали на Новак во четвртфиналето. Сличен ждреб Ѓоковиќ имаше и на Австралија Опен каде што прво играше со Алкараз во четвртфиналето и успеа да победи со 3-1 во сетови, а потоа беше елиминиран од ...
Ѓоковиќ не планира да назначи конкретен тренер, но рече дека со српски тим ќе оди на Ролан Гарос, тоа се Душан Вемиќ и Борис Бошњаковиќ. „Во моментов не сум во потрага по тренер, мислам дека нема потреба за брзање во кој било контекст. Се чувствувам комфорно со луѓето што се околу мене. Го имам Душан Вемиќ, тој дојде од САД и ќе ме придружува во Женева и Париз, а Борис Бошњаковиќ е тука како аналитичар и тренер-асистент“, рече Ѓоковиќ. Вемиќ ...