Македонскиот младински репрезентативец до 17 години Матео Кесиќ има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Јединство Уб, клуб чиј сопственик е легендарниот српски фудбалер Немања Матиќ. Младиот дефанзивец во српскиот второлигаш се сели од редовите на Бродарац, за кого настапуваше во тимот од 19 години. Сега направи чекор напред и ќе се бори за прволигашки статус во сениорска конкуренција. „Нашата одбрана е побогата со уште еден млад и надежен ...

Женскиот ракометен суперлигаш, ЖРК Пелистер го доведе второто засилување за сезоната 2025/26. Средниот бек Невена Бундоска е нов член на битолскиот суперлигаш, откако денес потпиша едногодишен договор. Се работи за кадетска репрезентативка која настапува за Деспина од Прилеп. Бундоска е дел од кадетскиот тим кој ќе игра на Олимписките младински игри во Скопје и Куманово, а потоа ќе се јави на прозивката во новиот клуб. Претходно ЖРК Пелистер ...