Во Општина Чашка до 13 часот на 30 избирачки места гласале 2500 гласачи или 40 проценти од вкупно запишаните 6141 во избирачкиот список. Како што информира за МИА претседателот на ОИК Чашка, Ридван Лимани, на сите избирачки места гласањето се одвива непречено и без инциденти. Во Општина Градско до 13 часот, на 11 избирачки места, гласале 789 гласачи или 26,01 процент од вкупно запишаните 3038 гласачи во единствениот избирачки список. Како што ...

До 15 часот на локалните избори во Охрид гласале 17 000 граѓани од вкупно запишаните 52 580 или 32,36 отсто, информира Општинската изборна комисија. Излезност на овие локални избори споредбено со локалните избори во 2021 година кога во 15 часот била евидентирана излезност од 35,86% е за некој процент помала. Што се однесува до излезноста во Дебрца до 15 часот своето право на глас го оствариле 1 703 гласачи од запишаните 3 937 во Избирачкиот ...