Фудбалерите на Вардар денеска загубија со 2:0 на гостувањето кај Брера Струмица и направија чекор наназад во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, со што ги налутија своите верни навивачи Комитите. Комитите незадоволни од прикажаната игра на вардарци, по натпреварот ги построија фудбалерите, а незадоволството го искажаа и на официјалната фејсбук страница, на која напишаа „не сте свесни колку сме бесни“. Вардарци по 29 кола ...

Екипата на Вардар влезе во лоша резултатска серија и на последните пет натпревари забележа само една победа што придонесе да падне на десеттата позиција, односно во моментов е далеку од зоната која носи опстанок. „Црвено-црните“ денеска загубија од АП Брера Струмица со 2-0, пораз кој ја разлути навивачката група „Комити“ која се огласи на социјалните мрежи со јасна порака. -Не сте свесни колку сме бесни, -порачаа „Комити“. Скопскиот тим до ...